Од денес за храната во угостителските објекти ќе се плаќа 10 отсто ДДВ

од Nikola Popovski

Од денеска граѓаните наместо 18 проценти ДДВ за храната што ќе ја купат во угостителските објекти ќе плаќаат 10, но за кетеринг услугите ДДВ-то од 5 се зголемува на 10 проценти.

Угостителите велат дека ваквата мерка требало одамна да биде донесена бидејќи ја практикуваат речиси сите развиени економии, затоа што нема директни импликации врз буџетот, а ќе помогне за подобрување на ликвидноста и работењето на угостителите.

Според угостителите, ДДВ-то за алкохолните пијалоци останува 18 отсто.

Слични содржини