Од денешниот протест пред Собранието: „Сакаат да ја уништат старата цивилизација за да го воспостават новиот поредок“

од Берта Китинска

Во говорите на вечерашниот протест пред Собрание против новите ковид-мерки покрај упатените  пораки дека никој не смее да бара задолжителна вакцинација имаше и говори кои беа посветени на теориите на заговор со вакцините и коронавирусот.

„Тука се да ја уништат старата цивилизација за да го воспостават новиот светски поредок. Луѓе ова е борбата да го зацарат антихристот.Вчера на полна месечина повторно правеа ритуали дојдоа хеликоптерите на мешетарите во Охрид во светиот град.Така е запишано дека блудство ќе донесат во светата земја“, кажа една од говорничките на протестот .

Комисијата за заразни болести на Владата ѝ предложи да донесе одлука во јавниот сектор да биде задолжително при доаѓање на работа да се покаже сертификат за примена вакцина против ковид-19 или да се прикаже негативен ПЦР тест не постар од 72 часа направен на трошок на вработениот кој не сака да се вакцинира.Воедно новите мерки предвидуваат и задолжителна вакцинација кај здравствените работници.

Слични содржини