Од денеска во Швајцарија важат нови ковид-правила за влез

од Milan1

Сите патувања во Швајцарија подлежат на правилото 3Г (потврда за вакцинација, потврда за прележан вирус или негативен ковид тест), со услов патниците кои имале коронавирус или биле вакцинирани да не прават тест.

Останатите патници мора да направат ПЦР тест, не постар од 72 часа, или брз антиген тест, не постар од 24 часа.

Покрај вакцинираните и оние кои го прележале вирусот, ослободени се и децата помлади од 16 години и итни медицински случаи.

Сè уште постои обврска за сите патници кои влегуваат во Швајцарија да го пополнат формуларот на страницата (https://swissplf.admin.ch/formular).

Лицата кои се ослободени од тестирање и пополнување на формуларот се професионалните возачи на автобуси и камиони.

Слични содржини