Од денеска земјите во Западен Балкан со поевтин роаминг

од Aleksandar Todeski

Жителите на земјите во Западен Балкан од денеска можат да зборуваат со намалени цени за роамниг од девет на 35 проценти, согласно втората фаза од спроведувањето на регионалниот договор за роаминг. Со Црна Гора и Босна и Херцеговина, цените остануваат исти.

Имплементацијата на регионалниот договор започна на 1 јули миннатата година, а од денеска и официјално се имплементира втората фаза, со која се предвидуваат пониските цени.

Овој договор предвидува до 30 јуни идната година цените да бидат минимални, а од денеска се менува начинот на пресметување на роамингот, односно сега сите корисници ќе плаќаат за роаминг по принцип што подразбира збир на домашната цена и такси за роаминг.

Од 1 јули 2021 година пак, се планира дополнително да се намалат цените за роаминг за дојдовните повици и преносот на податоци за сите корисници, но и целосно укинување на таксите за роаминг во регионот на Западен Балкан, односно за корисниците да плаќаат за услуги за роаминг под истите услови што важат за домашниот сообраќај.

Слични содржини