Од Фирерот до „Кралот на поп музиката“ неочекувани и бизарни номинации за „Нобел“

од desk4

Пред осумдесет години, на почетокот од најголемиот воен конфликт во историјата на човештвото, Адолф Хитлер беше номиниран за кандидат за Нобеловата награда за мир, со што се покажа дека буквално секој може да биде номиниран.

Од Фирерот до „Кралот на поп музиката“ во 120те години од постоењето на наградата се кандидираат за номинација личности кои се неочекувани, но и навистина бизарни.

Во јануари 1939год., осум месеци пред инвазијата на Полска, шведскиот социјал- демократ Ерик Бранд, напишал писмо до нобеловиот комитет со предлог наградата за мир да му биде доделена на Адолф Хитлер. Во писмото тој го величи лидерот на Третиот Рајх како „голем миротворец“ и „Принц на мирот на Земјата“. Подоцна Бранд објаснуваше дека писмото било саркастично, и како протест против британскиот премиер Невил Чембрлен, кој го поддржувал Хитлер. Секако дека никој не му веруваше, па иако Бранд ја повлече номинацијата, сепак името на Хитлер остана запишано на листата од кандидати номинирани за оваа награда.
Нобеловиот комитет ги прифаќа сите предлози кои ќе стасаат до 21 јануари. Кандидат за номинација  може да биде секој, но предлози смеат да поднесат само парламентарци и министри од сите земји од светот, поранешни лауреати, некои универзитетски професори и сегашни и поранешни членови на Комитетот, така што самото номинирање не е воопшто комплицирано.

Во 1935та година, италијанскиот диктатор Бенито Мусолини беше предложен, иронично, од германски и француски академци, неколку месеци пред Италија да ја нападне Етиопија. Како еден од победниците во Втората светска војна, рускиот лидер Јосиф Сталин беше кандидат за номинација два пати 1945 и 1948 година.
– Ниту Хитлер,  Мусолини или Сталин не биле серозно разгледувани како можни кандидати за награда – објаснува Геир Лундестад, поранешен секретар на Комитетот.

Како и да е во изминатите две децении бројот на кандидати за номинации кои се појавија на листата се по 300 секоја година , па не е зачудувачки што меѓу нив има и неочекувани имиња. Така во 2001 година кандидат за номинација беше фудбалот претставуван од ФИФА, а објаснувањето беше дека овој спорт придонесува за мирот во светот.

Во 1998 година на листата се најде „Кралот на поп музиката“, Мајкл Џексон, благодарение на романските парламентарци. Иако тогаш сè уште се немаа појавено обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца, сепак пејачот на „Heal the World“ не го импресионираше комитетот.
Но во 2001 година, изјави дека не е ништо чудно некој од активистите музичари, како Боно, Стинг или Боб Гелдоф, да се најде на листата кандидати за номинација.
Оваа година меѓу кандидатите за номинација за Нобеловата награда за мир се американскиот претседател Доналд Трамп и шведската активистка Грета Тунберг. Но, Лундестад вели дека никој не треба да се возбудува од самата номинација, бидејќи многу лесно се добива, за разлика од самата награда која е многу потешко да се освои.

 

Слични содржини