Од функционерите прв ќе се вакцинира министерот Филипче, соопшти Заев

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарско прашање кој од функционерите прв би се вакцинирал, соопшти дека министерот за здравство, Венко Филипче, најверојатно прв ќе го стори тоа, заедно со членовите на Комисијата за заразни болести.

„Први секако ќе треба да се вакцинираат нашите херои лекарите, медицинските сестри, здравствените работници, потоа хронично болните. Во редот кај лекарите најверојатно ќе треба да се вакцинира и министерот Венко Филипче, па тој би бил првиот од функционерите. Кога ќе бидат спазени сите редови, не сакам да бидам пред сите оние кои треба да бидат први“, истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека исто така ќе биде меѓу првите што ќе ја прими вакцината, после министерот.

„Јас, на крајот на денот сум еднаков како и сите граѓани. Сите знаеме дека колку поскоро ќе се прими вакцината толку побрзо ќе го вратиме животот во нормала. И јас и моето семејство со задоволство ќе ја примиме вакцината“, истакна Заев.

Слични содржини