„Од гаќи ќе ве истресам со финансиска истрага“, им пишала Русковска на судиите од Апелација

од Aleksandar Todeski

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска вчера реку СДСМ порака им најавила на судиите од Апелација дека ќе има финансиска истрага за нив ако ја пуштат екс Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, обвинета во „Рекет“ во домашен притвор.

„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите“, бил текстот на пораката според Апелацискиот суд, кој ова го изнесе преку соопштение до јавноста.

Апелацискиот суд денеска ги расправал најавите на Русковска дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор.

„Апелациониот суд Скопје, во врска со изнесената содржина на СМС пораката, како и подоцнежен јавен настап на јавниот обвинител со слична содржина во медиумите, недвосмислено изразува став дека тоа претставува директна закана и грубо мешање во работата на судот каде јавното обвинителство е само странка во постапката. Апелациониот суд Скопје смета дека ваквото однесување на јавен обвинител претставува искористување на позицијата на јавен обвинител и обид преку јавен настап да се наметне постоење на елементи на корупција во постапувањето на Кривичниот совет и да се изрази неосновано и паушално сомневање во поглед на правилноста и законитоста на одлуката на Кривичниот совет за определување на мерка куќен притвор која по својата законска поставеност и правна природа е мерка која после мерката притвор, претставува најстрога мерка за обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка“, стои во соопштението.

Колегиумот, како што се посочува во соопштението од Апелација, оценил дека искажаните сомневања на Рускоска се паушални, неосновани и грубо мешање во работата на судот.

„Ваквото постапување на јавен обвинител претставува преседан во правосудниот систем со кое директно се нарушува угледот на судот, како и принципите на уставната поставеност на судската власт и слободното судиско убедување при донесување на судските одлуки, што во секој случај претставува кршење на Уставот, законите и Етичкиот кодексот на јавните обвинители. Токму ваквото недолично однесување на јавен обвинител кој раководи со Обвинителството за организиран криминал и корупција, истовремено, претставува директно влијание врз текот на водењето на судските постапки и грубо го нарушува принципот на независноста на судството, како многу важен сегмент на владеењето на правото, а токму тоа може да биде пречка за пристапување на нашата држава во ЕУ, на кое нешто се повикува обвинителката. За погоренаведеното писмено се известени и надлежните институции“, велат од Апелацискиот суд во Скопје.

 

Слични содржини