Од Германија екстрадиран трето обвинетиот за убиството на Саздовски

од Vladimir Zorba

Денеска од Германија е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен за убиството на Никола Саздовски на 29.06.2018, кој веднаш по убиството избега од државата, дознаваме од наши извори.

По распишаната меѓународна потерница активно се трагаше по Ј.Љ и откако бил лоциран, била контактирана германската полиција која го привела.

Детали очекуваме во текот на денот од МВР.

Претходно судот ги осуди обвинетите Бесир Беља (20) и Скендер Демири (21) на по 19 години затвор за неговото убиство. Во моментот на сторување на тешкото кривично дело тие немале наполнето 21 година, па ја избегнаа доживотната казна затвор.

Обвинетите и адвокатите во текот на целиот судски процес тврдеа дека нема тука свирепо убиство, туку дека по нападот и тепањето, сега покојниот паднал на метална кутија на ЕВН, кој пад бил фатален за него да падне во кома и набргу да почине.

Слични содржини