Од глодари до луѓе: Како настанал сојот омикрон?

од Nikola Popovski

Анализата на сојот омикрон од страна на тим научници од Американскиот истражувачки институт Скрипс покажа дека постои шанса да се работи за мутиран коронавирус кој преминал од луѓето на животните, а потоа повторно кај луѓето.

Д-р Кристијан Андерсен, имунолог од Истражувачкиот институт Скрипс, во интервју за биотехнолошкиот сајт СТАТ рече дека омикронот мутирал од средината на 2020 година.

-Овој сој се разликува од другите варијанти и неговата мутација започнала многу порано, изјави Андересен.

Тој верува дека омикрон можел да „чека“ генетски промени повеќе од една година и задржал голем број мутирани гени, што не било забележано порано за време на пандемијата.

-Тоа е затоа што или се инкубира во затворени заедници чии членови не учествуваат во истражувањата или се шири меѓу одредени животински видови. Резултатите од генетската анализа на омикрон покажаа дека постојат седум генски мутации кои овозможуваат многу глодари да се заразат со коронавирусот, вели Андерсен.

Покрај тоа, неколку мутирани гени овозможуваат омикрон да се прилагоди на животот и репродукцијата во телото на глувците.

Во моментов, научниците имаат три хипотези за потеклото на омикрон.

Тие вклучуваат ин виво мутација кај имунокомпромитирана личност, мутација во телото на хроничен пациент со Ковид-19 и мутација кај животно инфицирано со оригиналниот човечки сој кој се вратил кај луѓето.

Сепак, повеќето научници во моментов имаат тенденција да веруваат дека мутацијата на омикрон потекнува од имунокомпромитирани луѓе.

Оваа состојба овозможува инфекцијата да остане во телото долго време, предизвикувајќи лесно акумулација на мутации, додека вирусот не се развие во нов сој кој е сосема различен од оригиналот.

-Малку е веројатно дека омикрон потекнува од Јужна Африка, бидејќи таа земја има систем кој детално и редовно го следи ширењето на вирусот. Можно е вирусот да потекнува од други јужни делови на африканскиот континент, вели д-р Кристијан Дростен, виролог во Универзитетската болница Шарите во Германија.

Слични содржини