Од холивудски златен пар до пропаднат брак, лаги и неверство

Бракот на Џенифер Анистон и Бред Пит беше нарекуван совршена љубовна приказна. Беа еден од омилените холивудски парови, се додека незодите во нивниот однос не беа предизвикани од филмот „Господин и госпоѓа Смит“ на сетот на кој се случи фаталната средба меѓу Анџелина Џони и Бред Пит.

Златниот пар на Холивуд во 2005 година објави дека се разведува. Во брак беа четири и пол години. Џенифер беше потполно скршена и отогаш храбро го носи епитетот жена која нема среќа во љубовта.

Но, да се вратиме на почетокот. Парот се запозна во 1998 година на состанок на слебо кои им го договорил нивните агенти, бидејќи сметале дека тие двајца се создадени еден за друг. И делумно беа во право.

Во тоа време, двајцата беа многу успешни. Пит ги одигра некои од своите најдобри улоги, а Анистон ја снимаше петтата сезона од популарната серија „Пријатели“. Очигледно, менаџерите ги познавале многу добро со оглед дека нивната љубов пламна на прв поглед.

Две години подоцна, својата врска ја крунисаа со брак, на веченост во Малибу на 29 јули 2000 година. Парот се погрижи церемонијата да остане приватна ангажирајќи стотици телохранители со цел да ги спречат нападите од папараците па во медиумите беше објавена само една слика од венчавката.

Парот на венчавката од соништата потроши околу милион долари, а првиот танц го одиграле на песната на Френк Синатра „The Way You Look Tonight“.

Бред тогаш доби и гостинска улога во „Пријатели“. Бред и Џен беа толку познат пар што во 2004 година осамнаа нивните восочни фигури во музејот Мадам Тисо во Лондон и тоа само неколку месеци пред парот да раскине.

Љубовната идила се претвори во драма кога Бред за време на снимањето на познатиот филм ја запозна една од најубавите актерки на светот.

Анџелина и Бред беа актери на еден од најголемите холивудски скандали во кои Џоли често беше нарекувана „втората жена“, најмногу поради меѓусебната хемија за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Иако Пит и Џоли ги отфрлија гласините за неверство, Анистон на 25 март поднесе барање за развод кој е финализиран на 2 октомври 2005 година.

Бред, кој цело време остана во добри односи со Џенифер, по раскинувањето со Џоли се обиде да и се доближи така што и ја купи за подарок куќата во Лос Анџелес каде живееле заедно додека биле во брак. Актерот беше еден од повиканите на големата роденденска забава на Анистон оваа година.

Слични содржини