Од Корона за недела дена починале браќа близнаци, по неколку дена починала и нивната мајка

од Milan1

Мичо и Жика иако имаа скромни приходи и живееја тешко, им помагаа на сите колку што можеа. Нивната смрт не потресе сите, ние се уште сме во шок поради големата загуба. На погребот, сите членови на нашето друштво плачеа. Секогаш ќе го чуваме споменот за нив, изјави за српскиот весник  „Новости“, секретарот на шаховскиот клуб Миријево, Срѓан Јанковиќ, неколку дена по трагичната смрт на браќата близнаци Мирослав и Љубомир Живковиќ (59), кои починаа како последица на коронавирусот.

Иако беа сместени во болницата „Ковид“ во Батајница, болеста ги уби за една недела. За жал, и нивната мајка почина од короната во понеделникот, па семејниот товар падна на нивната помлада сестра Горица.

„Поради некои нивни ставови, тие упорно одбиваа да се вакцинираат“. Исто така, тие не се јавиле на лекар по првите симптоми, туку се лекувале дома. Дури кога ситуацијата станала посериозна, тие побарале помош, но било предоцна.

Тие биле примени во болницата во Батајница во тешка состојба, па веднаш биле приклучени на респиратор.

Прво починал Љубомир. Лекарите на Мирослав не му кажувале дека неговиот брат починал, но во моментот на смртта на Љубомир, Мирослав се онесвестил. За жал, по шест дена и тој починал.

Слични содржини