Од коронавирус почина омилениот српски доктор на спортистите, пејачите и актерите

од Aleksandar Petrovski

Коронавирусот однесе уште еден бел мантил во Србија утрово. По тешка и кратка борба, ковид-19 прерано го однесе животот на д-р Милан Милеусниќ (49), специјалист за физикална медицина и рехабилитација. Веста за смртта беше потврдена во клиниката СМА, каде Милеусниќ беше основач и директор.

Синдикатот на лекарите и фармацевтите ги повика лекарите да му оддадат почит утре во 10 часот наутро.

– Д-р Милан Милеусниќ, специјалист за физикална медицина од Белград, почина од КОВИД. Нека има вечна слава и мир на душата. Ги молиме сите лекари во Србија во петок 03.07.2020 година во 10 часот со минута молчење, да му одадат почит на овој наш починат колега – се наведува на страницата на Фејсбук на овој синдикат.

Д-р Милеусниќ е роден на 25 јули 1970 година во Сента, каде завршил основно и средно училиште и Медицински факултет во Нови Сад.
Тој беше познат во круговите на српските славни личности, спортисти, пејачи, актери како голем експерт.

Слични содржини