Од Ковид 19 почина најмладата медицинска сестра во земјава

Како резултат на Ковид 19, почина најмладата медицинска сестра во земјава, 40-госишната Ирена Дојчиновска Милошевска, која беше дел од тимот од геронтолошкиот завод „13. Ноември“ во Скопје, соопштија од ЗМСТАТ.

Од ЗМСТАТ велат дека таа била борец и хуманитарец,и тоа го правила и надвор од своите работни задачи.

„Сакаме да апелираме и да потенцираме дека вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности“, посочија од извршниот одбор на Унијата.

Унијата на ЗМСТАС сестра Ирена ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател.

Погребот ианку, ќе биде утре на денот нејзиниот роденден.

Слични содржини