Од март ново зголемување – минималната плата над 20.000 денари, велат од СДСМ

од Nikola Popovski

Минималната плата од наредниот месец се зголемува за над 2.000 денари на 20.175 денари. Со ова една и пол година предвреме, СДСМ го оствари ветувањето дадено пред граѓаните во 2020 година за минимална плата од 20.000 денари до крајот на мандатот, порачаа утрово од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека претходно, исто така на година и половина од крајот на мандатот, реализирано е уште едно клучно ветување, за просечна плата од 34.000 денари.

-28 месеци од почетокот на мандатот на оваа Влада, во декември 2022 година, просечната плата се искачи на 34.364 денари. Ветувањата за минимална плата над 20.000 денари и просечна плата над 34.000 денари се остварени во време на економска, енергетската и постковид криза, велат од владеачката партија преку соопштение.

Слични содржини