Од Москва протеран целиот „политички дел“ на чешката амбасада

од Nikola Popovski

По протерувањето на 20 вработени во амбасадата на Чешка од Русија, во неа ќе останат само 5 дипломати, изјави за новинарите шефот на меѓународнотоодделение за администрација на чешкиот претседател, Рудолф Јиндрак.

Меѓу петте службеници кои остануваат во Москва е и самиот амбасадор. Според него, „целиот политички дел“ ќе ја напушти амбасадата во Москва. Јиндрик изрази чудење зошто руската страна протера двајца дипломати повеќе од чешката.

„Им беа дадени 24 часа да ја напуштат територијата на Русија, додека руските дипломати (кои беа протерани од Чешка) имаат 48 часа“, додал тој.

Синоќа, Министерството за надворешни работи на Русија објави 20 лица вработени во амбасадата во Чешка за персона нон грата, еден ден откако чешкиот премиер Андреј Бабиш објави дека Прага се сомнева дека руските разузнавачки служби се одговорни за експлозијата во складиштето за муниција во селото Врбјетице во 2014 година. Истиот ден, чешкиот министер за надворешни работи Јан Хамачек рече дека неговата земја протера 18 руски дипломати.

Слични содржини