Од опожарено „бмв“ се запалил и „голф 4“, огнот преминал и на фасада од стан

од Nikola Popovski

Полицијата соопшти дека вчера изгорело „бмв“ во скопската населба Карпош.

-Синоќа во 03:10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачје на Карпош настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје, велат од МВР.

Од таму додаваат дека од пожарот биле зафатени и возило „голф 4“ со штипски регистарски ознаки и дел од фасада и еден прозор од стан.

Повредени нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини