Од паркиран „голф“ украл паричник со пари и кредитна картичка

од Nikola Popovski

Уапсен битолчанец кој крадел од паркирано возило, информираат од МВР.

Вчера полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.П. (35) од Битола, постапувајќи по претходна пријава на Д.А. од Битола дека од нејзиното паркирано возило „голф“ во Битола и бил украден паричник со пари и документи.

-По целосно документирање на случајот, против Н.П. ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела „кражба“,по член 235 ст. 1, како и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, по член 251 ст.1 од КЗ, затоа што Н.П. ја употребил украдената банкарска картичка која била во паричникот, велат од полицијата.

Слични содржини