Министерството за здравство, по добиената информација од Институтот за јавно здравје, соопшти дека од денеска потврдените пет случаи во Штип, по завршувањето на епидемиолошката анкета е утврдено дека две лица се од Радовиш, кои се тестирале преку Центарот за јавно здравје во Штип.
Согласно ова, од потврдени 53 нови случаи дистрибуцијата по градови денеска е следна: Скопје -13, Куманово – 8, Штип – 3, Радовиш – 2, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 221
Куманово -93
Дебар – 49
Штип-18
Радовиш – 2
Прилеп – 24
Тетово – 17
Струга – 23
Велес – 9
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка – 2
Кочани – 7.