Од „Playstore“ немаме повратна информација за апдејтираната верзија, вели Лукаревска за проблемот со „МојДДВ“

од Nikola Popovski

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска информираше дека околу апликацијата за скенирање фискални сметки „МојДДВ“ за телефоните од моделите „Huawei“ и „Iphone“ достапна е новата верзија и може да се скенира со напредниот скенер.

-Од „Playstore“ се уште немаме повратна информација кога новата апдејтирана верзија ќе биде ставена во оптек. Тоа не зависи од нас како институција, туку од самиот тим што го уредува „Playstore“. Очекуваме во најскоро време тоа се поправи и да се надмине како проблем. Имаме нови правила и политика на приватност и тоа создава диполнителни критериуми за проверка. Како замена за апликацијата, ги имаме бар-код читачите и скенерите кои се во рамките на самата институција во сите подрачни единици на УЈП, рече Лукаревска во емисијата „Жешко политичко лето“.

Таа додаде дека од 2023 година ќе се зголеми износот на лимитот од повратот од ДДВ.

-Баш одиме во чекор со соодветни економски текови. Мерката само ќе се унапредува, потенцира Лукаревска.

Слични содржини