Од почетокот на епидемијата, вирусот најмногу се шири во овие четири македонски града

од Берта Китинска

Во последните 24 часа се направени 1504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19.

Во болнички услови се починати се 9 лица, пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), еден пациент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г).

Откако е почната пандемијата во овие градови се регистрирани најголемиот број на заразени со Ковид 19:

Скопје 6782, активни 626

Куманово 1729, активни 176

Тетово 1411, активни 172

Штип 1243, активни 57

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Штип, Дебар, Куманово, Македонски Брод, Тетово, Скопје и Гостивар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=213, 22,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=176; 18,5%), 30-39 (n=173; 18,2%), 40-49 (n=149; 15,7%) и 20-29 (n=147; 15,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=37; 3,9%) и 10-19 години (n=56; 5,9%).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17343, бројката на оздравени пациенти е 14422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2200.

Слични содржини