Од почетокот на годинава во Куманово, опожарени четири автомобили, лани 13

од Vladimir Zorba

Од почетокот на годинава, до денеска на подрачјето на СВР Куманово опожарени се четири автомобили, соопштија денеска од кумановската полиција. Претходно и противпожарната единица соопшти дека од почетокот на годинава интервенирале на пожари на четири патнички моторни возила, три во Куманово и еден автомобил во липковското село Оризаре.

– На подрачјето на Куманово во 2022 година биле пријавени тринаесет настани за опожарени возила, додека од почеток на 2023 година се пријавени четири. Од вкупно пријавените 13, минатата година биле поднесени две кривични пријави против двајца сторители за извршување кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“, а за останатите пријавени настани било утврдено дека возилата биле опожарени од неисправна инсталација, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување и на другите случаи.

Слични содржини