Oд почетокот на пандемијата починаа над четири милиони луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

На светско ниво, 4.001.769 лица починале од почетокот на пандемијата на ковид-19, а потврдени се 184.971.166 случаи на инфекција, објавено е на веб-страницата на „Worldometers“.

Во моментов има 11.626.659 случаи на инфекција во светот.

Најмногу смртни случаи има САД – повеќе од 621 илјади, Бразил повеќе од 525 илјади и Индија повеќе од 403 илјади.

Соединетите држави, Индија и Бразил исто така имаат најголем број регистрирани случаи на коронавирус.

Слични содржини