Од полноќ по одлука на РКЕ поефтинија горивата за 1 односно 1,5 денар

Од полноќ цената на горивата поефтини за 1 односно 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Така, новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 сега се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) по 53 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,133 денари за килограм се намали и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега изнесува 28,368 денари.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 1,042 отсто и кај дизелот за околу 1,524 отсто, како и за 1,108 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Слични содржини