Од полноќ задолжителна ковид-потврда за влез во Словенија

од Nikola Popovski

За влез на патници во Словенија од полноќ, односно од 15 јули до 23 јули, важи новата одлука на Владата, според која на сите, без оглед од каде доаѓаат, ќе им треба негативен тест за коронавирус, потврда за вакцинација или доказ за прележан вирус во последните шест месеци.

Поради бројните протести, словенечката влада денес донесе одлука за исклучоци кои нема да бараат потврда за влез во земјата од полноќ, вклучително и патниците во транзит и возачите во меѓународниот товарен транспорт.

Сепак, предлогот овој исклучок да важи и за работните мигранти од Хрватска не беше усвоен, пренесе агенцијата ХИНА.

Слични содржини