Од понеделник ќе се вакцинира со „Синовак“, кои се нејзините карактеристики?

од Берта Китинска

Во земјава денеска пристигнаа 500.000 дози од „Синовак“. Се очекува со новите количини да се забрза темпото на вакцинација.

Според СЗО вакцината „Синовак“ спречува 51 процент од појава на симптоматски болести и обезбедува стопроцентна заштита од потешки форми на заболување и хоспитализација.

Во соопштението се наведува дека вакцината „Синовк“ е неактивна, лесна за чување и како таква лесно достапна. Вакцината   покажала ефикасност меѓу 50 и 90 проценти во различни студии и во моментов е одобрена за употреба во Кина, Индонезија, Бразил и Турција.

Потребни се две дози, од кои втората се прима од 14-28 дена по првото вакцинирање. Нејзината употреба се препорачува за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцината се поголеми од потенцијалните реизици, исто како и кај доилки и други возрасни лица.

„Инактивиран САРС-Ков2 вирус. Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза. Високо ефикасна за превенција на тешка болест. Се дава мускулно во рамо. Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица“, напиша на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Слични содржини