Од понеделник, пензионерите во Србија ќе ги добијат пакетите со витамини

од Nikola Popovski

Од понеделник пензионерите во Србија ќе ги добијат првите 700.000 пакети витамини на своите адреси, рекол вечерва претседателот на Србија, Александар Вучиќ, додавајќи дека се обезбедени околу 1,7 милиони вакви пакети.

Во врска со пакетите наменети за пензионерите, Вучиќ истакнал дека витамините се од девет производители, но дека сите се исти само во различни кутии.

Тој исто така ги отфрли критиките дека некој сака да се „вгради“ во набавката на витамини.

Според него, пакетите ќе им бидат дадени на сите пензионери, но и на медицинските работници, бремените жени и мајките.

Тој повтори дека пензионерите ќе ги добијат првите 30 евра во мај, 50 евра во септември и уште 30 евра во ноември.

„Во мај има 30 евра за невработените, 60 евра во јуни, уште 30 евра во ноември, додека вработените и возрасните граѓани ќе добијат пари во мај и септември, вкупно 60 евра“, додал претседателот.

Говорејќи за бројот на вработени во Србија, Вучиќ изјавил дека во моментот е на рекордно ниво – 2.184.000.

Тој додал дека просечните плати од 900 евра мора брзо да се достигнат до 2025 година, за да можат, како што рече, да ги врататзанаетчиите.

„Имаме најголем недостиг од овие луѓе“, рекол Вучиќ.

Слични содржини