Од први јануари, од 18 на 10 отсто ќе се намали ДДВ на храна и пијалоци во кафулиња

од Берта Китинска

Храната и пијалоците кои се служат во ресторани и кафулиња ќе се даночат по нова повластена стапка.

Повластена даночна стапка од 10%, ќе почне да важи од 1 јануари 2021, и ќе се однесува за продавањето храна и пијалаци во угостителските објекти и за кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.

Воедно Владата одлучи исто така од 1 јануари ќе има и повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.

Финансиската поддршка за работодавачите за исплата на плати ќе биде скалеста согласно падот на приходите на компанијата односно од 14.500 до 21.776 денари по работник. Ова е предвидено со новиот Предлог-закон за финансиска поддршка на работодавци погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД – 19, за што денеска дебатираше Економско-социјалниот совет на својата трета седница.

Финансиска помош се однесува за исплата на плати за октомври, ноември и декември годинава.

На седницата, која се одржа онлајн, а со која заседаваше претседателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, разгледани се поединечно сите членови од новиот предлог закон за што свое мислење можеле да дадат сите членови на ЕСС.

Слични содржини