Од што се плаши Викторија Бекам ?

од desk4

Заедно се две децении, а максимално се посветени на својата врска и децата. Викторија Бекам се појави во едно интервју на телевизија, каде зборуваше за бракот но и за прв пат го спомна нивниот сексуален живот.

На поранешната спајс девојка ѝ беше поставено прашање на кое подготвено одговори, а зборуваше за тоа што прво ја привлекло кај Дејвид:
– Секако дека изгледот е прво нешто, бидејќи изледа феноменално. Сепак Дејвид е прекрасен сопруг и татко, инспирација на сите нас. Многу работи, среќна сум што токму тој е мојата сродна душа.
Сепак водителот ѝ упати коментар поради кој веднаш поцрвене. Имено тој се нашали дека сексуалниот живот може да стане монотон и „без врска„ по толку години заедничко живеење. Но Викторија не се збуни само кусо му врати: „Ти не се грижи за тоа!“
Воедно таа откри дека за својот брак се плашела во одредени моменти, но и дека е загрижена дека меѓу нив ќе остане само тишина кога децата ќе го напуштат родителскиот дом.
– Му реков на Дејвид: „Боже дали ќе имаме што да си кажеме еден на друг кога ќе останеме сами?“ – призна таа.

 

Слични содржини