Од силниот ветер делови од Скопје без струја

од Берта Китинска

Силен ветер го зафати Скопје вечерва кој направи штета низ улиците на главниот град. Граѓаните по социјалните мрежи споделуваа фотографии од невремето каде можеше да се види настанатата штета.

Ударите на ветрот се над 100 километри на час , а делови на градот се без електрична енергија.

„Вечерва низ Скопје се очекува засилен ветер, дожд, а во раните утрински часови можна е појава и на снег. Ги повикуваме граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите, да избегнуваат прошетки под дрвореди и да не ги паркираат своите возила под крошните на дрвјата. Екипи се на терен кои работат на расчистување на гранките и дрвјата“, соопштија од Град Скопје.

Слични содржини