Од Сирија назад во Косово: Три жени обвинети за тероризам

од Nikola Popovski

Косовското обвинителство поднесе обвиненија за тероризам против три жени кои се вратиле од Сирија каде што биле членови на Исламската држава. Сите три се вратиле од Сирија на Косово лани во април со уште 29 жени и 74 деца.

Шухрете Тафај и нејзините две ќерки Меке Тафај и Ваљдете Тафај Дачај од Сува Река, централно Косово, ја признале вината, но се појавиле на рочиштето за изрекување на казната.

Обвинителството соопшти дека трите жени го напуштиле Косово во 2013, 2014 и 2015 година за да се приклучат кон Исламската држава во Сирија и Ал Нусра во Ирак. Мажите на две од трите жени биле убиени во борбите, пренесува АП.

Според нивните адвокати, овие жени биле принудени од своите сопрузи да заминат на боиштата во Сирија.

Јустина Фрокај од Косовскиот институт за правосудство, кој врши мониторинг врз работата на судовите, вели дека сите жени што биле предмет на судска обработка велат дека се покајале за она што го сториле. Таа додава и дека речиси сите пресуди притив тие жени што биле во Сирија се сведуваат на условни казни.

Се смета дека во борбите во Сирија и во Ирак учествувале повеќе од 400 лица од Косово, а повеќе од 100 од нив биле убиени. Во април 2019 година, Косово врати 110 свои граѓани од Сирија, меѓу кои има 34 жени, 74 децеа и четворица поранешни милитанти.

 

Слични содржини