Од Скопје до Москва за 125 евра

од Берта Китинска

Руската амбасада во Скопје информира дека руската авиокомпанија Нордвинд од 21 мај воведува директен лет од Москва до Скопје.

Летовите се предвидени еднаш неделно, во петок, а летот ќе трае 3 часа и 25 минути.

Цената на авионската карта од Москва до Скопје е 106 евра, a обратно од Скопје до главниот град на Русија е 125 евра, проверивме на страницата на руската авиокомпанија која во регионот веќе лета и до Белград, Загреб и Дубровник.

Слични содржини