Од следната година да се отвори прашањето за легализација на истополовите партнерства, вели Зајкова

од Берта Китинска

Моника Зајкова, пратеничка од редовите на ЛДП за Утрински брифинг изајви дека од наредната година ќе го отвори прашањето за легализација на истополовите партнерства

-Сите подеднакво ги уживаме човековите права. Мене многу ми е жал што треба да разговараме и да се докажуваме дека тоа се луѓе како сите нас. Не може да разговараме ние за некој што е поинаков дека е помалку човек од тоа ние што сме. Не е ЛГБТ заедницата објект па да ги третираме поинаку од останатите, вели Зајкова.

Таа додаде дека луѓето се уште се стигматизирани и напаѓани заради нивниот идентитет.

– Ќе работам на тоа од идната година да се отвори прашањето за легализација на истополовите партнерства. Тоа не значи на нарушување на традиционалниот брак, туку регистрирање на партнерства кои ќе им се овозможат на овие лица. Ова го кажувам лично, не зборам од име на ниту еден пратеник, туку како личен став и мислење, додава Зајкова.

Слични содржини