Од Царина не знаат од што боледува придружникот на Груевски од сликата

од desk4

Лекарска комисија ќе оценува дали Александар Трајковски е болен или го злоупотребил здравствениот систем за да замине во Будимпешта. Матичниот лекар му отворил боледување на 5- ти декември, а тој по нецела недела излегол од државата. Откако унгарски фотограф го улови во друштво на азилантот Груевски на улица во Будимпешта, сега на Трајковски му виси работното место. Од Царинската управа го чекаат мислењето од лекарската комисија иако никој во Царина не знае дали и од што боледува Трајковски.

Трајковски на 5-ти декември отворил боледување, но не ги известил службите за дијагнозата, ниту пак, колку долго ќе биде отсутен. Ќе го почекаме, па ќе одлучиме дали е прекршен законот, соопштија од Царинска управа.
Додека се чека лекарското мислење за Трајковски, обвинителството најави дека ќе го распрашува за евентуална поврзаност со бегството.

Премиерот Заев молчи и одбива да коментира за испливувањето на Груевски во јавноста, а, лидерот на неговата матична партија Христијан Мицковски со став да престанеме да се занимaваме со него./Libertas

Слични содржини