Од утре период на посвежо и врнежливо време

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер. Наутро ќе биде посвежо. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Од утре следува период на претежно облачно и значително посвежо време со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните и југозападните делови. Утре и задутре ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Слични содржини