Од вечерва локален пороен дожд и засилен ветер

од Nikola Popovski

Денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 24, а максималната од 35 до 43 степени. УВ=9, информираат од УХМР.

Утре не очекува променливо облачно и посвежо, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. УВ индексот ќе биде 8, а температурите се очекува да паднат за неколку степени.

Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Слични содржини