Од вкупниот број загинати во стампедото во Индонезија, 32 се деца

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на загинати деца во стампедото и немирите на фудбалскиот стадион во Индонезија се искачи на 32, соопштија денеска официјални лица.

Децата биле на возраст од три до 17 години, објави „Ројтерс“.

Најмалку 125 луѓе загинаа, а 323 беа повредени во неделата во стампедо на фудбалски стадион во провинцијата Источна Јава во Индонезија.

Слични содржини