Од Владата децидни: Заев не се возел во мерцедесот од 600.000 евра

од desk2

Во вчерашното соочување на МРТ лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, го праша премиерот, Зоран Заев, дали му е удобно кога се вози во мерцедесот, на што премиерот рече дека никогаш не се возел. Тоа ги испровоцира некои поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ да објават фотографии од Заев како излегува од блиндирано возило.

Од Владата за Фокус категорично го повторија одговорот на Заев, дека никогаш не се возел во мерцедесот.

„Премиерот, Зоран Заев, никогаш не се возел во мерцедесот и нема да го користи“, велат од таму.

Слични содржини