ОДАС ги повикува студентите на протест пред МОН

од Nikola Popovski

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) ги повикува студентите да им се придружат на протест во петок од 12.30 часот пред Министерството за одбрана и наука за, како што велат, заедно да издејствуваат подобрување во образовниот систем.

-Овие неколку години, како учесници во образовниот систем, се соочивме со голем број предизвици за кои вреди да се дискутира и да се лобира кај надлежните. Поради тоа што вчера вечер МОН издаде соопштение дека материјалот за матурата е веќе скратен и истовремено времето за подготовка за матурата ни е кратко, бараме од Министерството да објави кој материјал ни е скратен, за да можеме навреме да се подготвиме. Поради временскиот фактор, петочкиот предупредувачки протест останува, се додека официјално не е објавено кој материјал е скратен. Дополнително, бараме средба со Министерот за образование за да ги претставиме овие ставови, порачаа од ОДАС.

Вчера студентскиот отпор најави блокади на повеќе улици и булевари во градот Скопје, бидејќи, како што велат, ништо од ветуваното не им е исполнето.

Според нив, „МОН преку својата континуирана негрижа за студентите и почитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права“.

-Реконструкцијата на студентските домови иако најавувана за 2023та година се’ уште не е започната. Како што гледаме МОН се дрзна и овој самопоставен рок од 15 Март да го запостави, па во таа насока најавуваме протести и блокади на цело Скопје. Не како минатиот пат со еден протест и еден марш туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град, стои во соопштението од Студентски отпор.

Слични содржини