Одбиен напад на Хутите врз британски воен брод во Црвеното Море

од Stefanija Kuzmanovska
740 прегледи

Британски воен брод одби напад со дронови на јеменските Хути во Црвеното Море, објавија денеска британските власти.

„Овие недозволиви и незаконски напади се целосно неприфатливи. Наша должност е да ја заштитиме слободата на пловидба во Црвеното Море“, соопшти британското министерство за одбрана.

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс рече дека вчерашниот напад не ја заплашил Велика Британија и оти земјата останува посветена да ги заштити своите цивили и слободната пловидба.

Слични содржини