Одбиена жалбата на Барса за Куман, клупата на каталонците ќе биде празна на клучниот меч против Атлетико

од Stefanija Kuzmanovska

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, нема да го води тимот на претстојниот дерби натпревар со Атлетико.

Каталонците се жалеа на одлуката на дисциплинските органи на Ла Лига да го суспендираат Холанѓанецот на два натпревари, но одлуката останува во сила бидејќи жалбата е одбиена.

Суспензијата Куман ја заработи бидејќи наводно го навредувал четвртиот судија на 29 април, на мечот со Гранада.

Тој тврди дека само му рекол на судијата „каков карактер“, а судијата го избркал заради тоа.

„Ако добиете казна од два натпревари суспензија за такво нешто, тогаш колку е потребно за пцуење, 20?“, праша неодамна Куман.

Холандскиот стручњак го „одлежа“ првиот натпревар од суспензијата минатиот викенд, бидејќи не беше на клупата на „Местаља“ против Валенсија (2:3).

Слични содржини