Одбиена жалбата на Роналдињо: Тој и неговиот брат во куќен притвор ќе чекаат судење

од Vladimir Zorba

Апелациониот суд ја отфрли жалбата и барањето за ослободување на Роналдињо и неговиот брат.

Роналдињо помина 32 дена во затвор затоа што во март влезе во Парагвај со лажен пасош, а кога се откри измамата, тој се оправда велејќи дека ги примил документите како подарок.

Од неговото ослободување од затвор во април, поранешниот ас на Барселона, Милан и неколку други клубови и неговиот брат Роберто де Асис се наоѓаат во Асунсион, во хотел со четири везди, чекајќи судење.

За да излезат од затвор воопшто, тие мораа да платат скоро милион и пол евра, а се шпекулираше дека Барселона дури и ја издвоила оваа сума.

На Роналдињо му се заканува затвор до шест месеци, а се пожали и за престојот во хотелот, но ќе мора да остане таму некое време.

Во текот на оваа недела, тој зборуваше за тоа како поминал 60 долги денови во домашен притвор, и го спореди со изолација дома поради пандемија од коронавирус.

– Луѓето во нивните домови треба да замислат како е кога не можете да го направите она што сте навикнати. Мислам дека тоа е нешто што ќе остане кај сите нас што поминуваме низ ова комплицирано искуство. Се надевам дека ова ќе заврши наскоро и дека сите ќе можеме да одиме дома и да живееме како порано – изјави Роналдињо за „Мундо Депортиво“.

Во таа прилика тој му се заблагодари на својот поранешен клуб Барселона и на навивачите за сите пораки за поддршка и љубов што му ги испратиле во претходниот период.

Слични содржини