Одбиено барањето за привремена слобода на Тачи и другите лидери на ОВК

од Nikola Popovski

Судијата за претходната постапка на Специјализираните комори на Косово, со седиште во Хаг, го одби барањето на бранителите на поранешниот врховен командант на ОВК и претседателот на Косово, Ташим Тачи за привремено ослободување.

Истата одлука ја донел у во врска со барањето на бранителите на Реџеп Селими, Кадри Весели и Јакуп Красниќи, кои заедно со Тачи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, беше објавено денеска од тој суд во Хаг, јави Танјуг.

Судијата смета дека само притворот може да ги отстрани ризиците од нивно бегство, попречување на постапката, влијание врз сведоци и извршување на понатамошни кривични дела, се наведува, меѓу другото, во одлуката на судијата.

Бранителите на обвинетите побараа нивно ослободување од притвор и одбрана, нудејќи гаранции дека нема да избегаат, барајќи замена на притворот со домашен притвор и други мерки, но судијата сметал дека тоа не е доволно.

Тачи и другите беа уапсени на почетокот на ноември 2020 година.

Сите четворица поранешни началници на ОВК се обвинети за голем број воени злосторства и злосторства против човештвото и се товарат за злосторства на 40 места каде што луѓето биле неосновано лишени од слобода, мачени и убиени, за што се соочуваат со казна доживотен затвор.

Обвинението тврди дека злосторствата против нив се извршени најдоцна во март 1998 година до септември 1999 година на повеќе места во Косово, како и во Кукеши и Кахан, во северна Албанија.

Според обвинението, делата ги сториле припадници на ОВК против стотици цивили и лица кои не биле активни учесници во непријателствата.

Слични содржини