Одборот на ЕП гласаше за визна либерализација за Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Одборот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи (LIBE) на Европскиот парламент денеска гласаше за визна либерализација за Косово.

Тоа беше објавено на официјалниот Твитер профил на LIBE, каде што беше наведено дека за одлуката гласале 48 европратеници, седум биле против, а тројца биле воздржани.

Како што се наведува, одлуката треба да се гласа на пленарната седница на Европскиот парламент.

Слични содржини