Одборот на францускиот Оскар си поднесе оставка поради Полански

Целиот одбор на Академијата Цезар, која го претставува францускиот еквивалент Оскар, поденсе оставка поради огромните критики бидејќи го номинирале за 12 награди, филмот на Роман Полански „Обвинет“.

Одлуката да се номинира филмот на Полански предизвика негодувања кај феминистичките групи и доведе до повик на бојкот, пренесува BBC.

Полско-францускиот режисер се бара во САД поради обвиненија дека силувал 13-годишно девојче.

Стотици актери, продуценти и режисери, исто така, повикаа на реформи во Академијата.

Во отворено писмо оваа недела тие ја осудија „дисфункцијата“ на Академијата Цезар и нетранспарентоноста во нејзиното управување.

Одлуката на одборот на Академијата Цезар масовно да си поднесе оставка, дојде како шок пред доделувањата на наградите во Париз, закажани за 28 февруари.

Во соопштението кое е објавено ноќеска, наведено е дека одборот едногласно одлучил да си поднесе оставка во често на оние мажи и жени кои во 2019 година се занимавале со кинематографија и како би се вратил спокојот и да се осигура дека филмскиот фестивал ќе остане само тоа.

Оваа колективна одлука ќе овозможи комплетна обнова на одборот, се додало во соопштението.

Генералниот совет би требало да заседава по церемонијата овој месец, каде ќе биде одбран нов одбор кој ќе размислува на спроведување реформи и модернизирање на институцијата.

Министерот за култура Франк Ристе рекол дека Академијата Цезар мора да функционира демократски, во духот на „отвореноста, транспарентноста и разликите“.

Слични содржини