Одбројување до конечна презентација и имплементација на петтиот пакет економски мерки

Владините претставици имаат уште задача дасе сретнат со синдикатите, по што би бил финализиран петтиот пакет економски мерки, со цел помош за граѓаните во Ковид пандемијата.

Според, Вицепремиерот задолжен за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи, петтиот пакет содржи 30 мерки кои може да се поделат во четири столба: финансиска поддршка за исплата на плати и задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на компаниите и граѓаните, мерки за поповолно деловно опкружување и директна помош за граѓаните.

„Се обидовме максимално да одговориме на барањата на стопанството и граѓаните и да ги креираме мерките да бидат лесно применливи. Директната финансиска помош за исплата на плати ќе продолжи со петтиот пакет на мерки, а за оваа цел се креирани два модалитета, при што самите компании ќе одлучат кој модалитет сакаат да го искористат. Со вториот модалитет кој предвидува бескаматни кредити, со кој се таргетираат компаниите од најпогодените сектори, средствата освен за исплата на плати, ќе може да се користат и за други потреби на компаниите“, посочи Битиќи.

Министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за МИА посочи дека се при крај со подготовката и дизајнирањето на петтиот пакет економски мерки и наредните денови ќе бидат објавени и презентирани од страна на претседателот на Владата и економскиот тим.

„Сите мерки се дизајнирани во согласност и со дијалог со сите стопански комори, но и со работодавачите, работниците, вклучувајќи ги и синдикатите. Веќе се разговарани во детали и очекуваме наскоро да почнат и да се реализираат. За неколку од мерките кои се предвидени во петтиот пакет секако дека треба да има и законски решенија, имајќи предвид дека неколку од уредбите веќе се завршени, а дополнително на тоа согласно начинот на кој се дизајнирани мерките ќе треба да донесеме и нови закони“, истакна Бектеши.

Во петтиот пакет, како што посочува министерот, наместо платежни картички за ранливите категории граѓани ќе се нуди опростување на каматите за заостанатите долгови постари од три месеци што ги имаат кон јавните претпријатија на локално и централно ниво

Меѓудругото, во петтиот пакет покрај финансиската поддршка за исплата на плати се планирани и низа други мерки, за компаниите од туристичката дејност, транспортот на патници, индустријата за организација на настани, медиумите, занаетчиите, извозните компании, даночни и царински олеснувања, како и други мерки за одредени групи на граѓани, кои се директно поврзани со ефектите од ковид кризата.

Слични содржини