Одекнаа нови експлозии во Киев и околината

од Stefanija Kuzmanovska

Во главниот град на Украина, Киев и околните области денеска се слушнаа нови експлозии, не долго откако руските сили извршија, како што соопштија украинските власти, масовен ракетен напад, пренесува „Ројтерс“.

Градските власти во Киев ги советуваа граѓаните да останат во засолништа, а украинската противвоздушна одбрана е во готовност во областа на Киев и неговата околина.

Претходно денеска градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека во руските ракетни напади врз тој град едно лице загинало, а 20 се повредени, од кои 14 се префрлени во болници.

Слични содржини