Одењето на стоматолог нема да биде повеќе исто: Прво епидемиолошка анкета, мерење температура, па на столче

од Берта Китинска

Стоматолошките ординации почнаа со работа, по речиси два месеца, кога беа затворени со прогласувањето на епидемијата на корона.

Стоматолошката комора на својата интернет страница информира дека од вчера, може да се отворат стоматолошките ординации и да почнат да работат, притоа почитувајќи ги сите мерки за заштита на вработените и за дезинфекција на работните простории.

Така при закажување на термин на пациентите ќе им биде земена епидемиолошка анкета, која може ќе биде составена по телефон, а потпишана во ординација, а при доаѓањето се прави уште една анкета за итност на стоматолошката интервенција за да може полесно да се организира работата во ординацијата ( проценка на време на интервенција, време за дезинфекција на простор и промена на заштитна облека).

Согласно овие протоколи, на влезот на ординацијата треба да се постават јасни пишани или графички упатства за однесувањето на пациентот во стоматолошката ординација и да се постави крпа или друг материјал натопен во дезинфициенс за обувки или под (дезобариера). Во чекалната треба да има поставено дезинфициенс за раце. На влез пациентите треба да ги измијат рацете и да ги дезинфицираат со дезинфициенс за раце. Од чекалната треба да се отстранат сите предмети кои не можат да се дезинфицираат (списанија, весници, украси), а столиците во чекалната да бидат на оддалеченост од 1,5 -2 метри.

Во чекалната да е присутен само по еден пациент или максимум двајца доколку вториот е родител на дете под 14 год или помошник на изнемоштено или слепо лице, кој за цело време до седнување на стоматолошкиот стол треба да носат маска.

Пациентите кои влегуваат во ординацијата при влезот во ординација мора да влегуваат со нивна заштитна опрема за уста и нос и да ги оставаат сите лични предмети (телефон, чанта и сл.) на одредено за таа намена место кое е дезинфицирано и прекриено со фолија за еднократна употреба. При влез во ординацијата пациентите по оставање на личните предмети задолжително треба да си ги измијат рацете со сапун и потоа да ги дезинфицираат со дезинфициенс за раце на база на алкохол (најмалку 60-70 отсто), по што е задолжително мерење на телесна температура со термометар со бесконтактен термометар и утврдување на негов здравствен статус (на пр.дали кашла или има други видливи симптоми кои може да упатуваат на ковид- 19 инфекција).

Откако ќе се утврди нормална телесна температура и ќе се завршат другите пациентот се упатува до стоматолошкиот стол со напомена да не допира ништо при движење

Слични содржини