Одговор на Русија и Кина: Заеднички лет на јапонски и американски борбени авиони

од Stefanija Kuzmanovska

Американската војска и јапонските сили за самоодбрана денеска објавија дека заеднички патролирале со авиони над Јапонското Море за да ја покажат својата сила.

Тие го направија тоа откако Северна Кореја лансираше три проектили во морето што ги дели Јапонија и Корејскиот полуостров во средата.

„Вежбата имаше за цел да покаже заеднички способности за одвраќање и спротивставување на регионалните закани“, се вели во соопштението на американската војска.

Американските власти, кои инсистираа на анонимност, изјавија за „Ројтерс“ дека Јапонија и Соединетите Држави сакаат да покажат заедничка одлучност по најновите ракетни лансирања на Пјонгјанг.

Според официјални лица во Сеул, една од трите проектили истрелани од Северна Кореја функционирала како најголема интерконтинентална балистичка ракета, со проценет дострел од 15.000 километри, што е доволно за да стигне до Америка.

Четири американски авиони Ф-16 и четири јапонски Ф-15 учествуваа во патролирањето на Јапонија и САД, соопштија од Јапонските сили за самоодбрана.

Слични содржини