ОДИХР ќе го набљудува референдумот со 270 монитори

од desk4

ОДИХР ќе го следи референдумот со 270 набљудувачи. Мисијата на ОДИХР за проценка за потребата за мониторирање на референдумот за името денеска препорача набљудувачка мисија, составена од 20 долгорочни набљудувачи и 250 краткорични.

Мисијата за проценка на ОДИХР, која минатата недела беше во земјава, во извештајот наведува дека сите соговорници ја подвлекле истриската природа на на референдумот и важноста ОДИХР да го мониторира процесот. Потенцирани се неколку аспекти кои заслужуваат особено внимание – пред се законската рамка, спроведувањето на референдумот и денот на гласање, водењето на кампањата, недостигот на обврската за финансиски извештај, како и медиумското покривање.

Во извештајот во делот на политичкиот контекст стои дека Договорот за Грција за името се уште е предмет на голема дискусија и на бројни контроверзи. Се наведува и дека најголемата опозициска партиија ВМРО-ДПМНЕ која се противи на Договорот се уште формално не го изнела својот став дали ќе учествува на референдумот, иако партиски членови потенцирале дека тоа ќе биде соопштено на 10 септември.

Законската рамка, во извештајот на Мисијата на ОДИХР, се наведува дека е со ограничени детали, вклучително и по прашањата за кампањата, финансирањето на кампањата, медиумските обврски.

Се нотира дека Законот за референдум не обезбедува регистрација на субјекти за кампања и наведува дека само овластениот предлагач на референдумот може да води кампања, при што толкувањето на ДИК е дека предлагач е Собранието.

„Останува недефинирано кој има право на вакви активности – членовите на Собранието или парламентарните партии – и кои права да бидат достапни“, се наведува во извештајот.
Повеќето од политичките партии со кои разговарала мисијата за проценка нотирале дека не предвидуваат кампања со активности од големи размери, посочувајќи дека имаат лимитирани финансии за самофинансирање на кампањата и оти главно ќе се потпрат во кампањата на он-лајн и социјалните медиуми.

Во делот на финансирањето на кампањите се нотира дека не постои експлицитна забрана за употреба на средства од државата, за што била изразена несигурност околу тоа што би се сметало за дозволено.

Мисијата за проценка од ОДИХР наведува дека медиумскиот сектор е разновиден, но политички поделен. Телевизиите се главен извор на информирање, стои во извшетајот, додека порастот на влијанието на интеренетот води кон значаен развој на он-лајн содржини.

„Законот не ја регулира сеопфатно улогата на медиумите во референдумот, како на пример укажување за комерцијалните медиуми и јавниот сервис кој ја води кампањата „за” и “против” референдумско прашање и што претставува еднакво покривање“, се наведува во извештајот.
Референдумот на 30 септември за името нема да биде прв референдум кој би го мониторирал ОДИХР во земјава. ОДИХР го набљудуваше и референдум во ноември 2004 година, за територијална организација, кој го следеше со 200 набљудувачи.

Извор: Телма

Слични содржини