„Одиме, куме“: Марсеј и Хелсинки ја најавија новата сезона „La casa de papel“ (ФОТО/ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Гледачите наскоро ќе можат да ја проследат новата и последна сезона на хит серијата „La casa de papel“ („Куќа од хартија“). Многумина се возбудени поради тоа, вклучувајќи ги и главните sвезди на ова достигнување.

Хрватскиот актер Лука Перош, кој го толкува ликот на Марсеј и српскиот актер Дарко Периќ, кој го толкува ликот на Хелсинки, на одличен начин ја најавија минатата сезона.

Имено, тие двајца се сликаа на сетот, а потоа следуваше следниот коментар.

– Хелсинки вели: „Уште 4 недели куме“ – напиша Лука Перош, на што Дарко Периќ додаде и напиша: „Одиме куме! Бум!“.

Засега е познато дека сезоната пристигнува на два дела. Првиот дел ќе биде објавен на 3 септември, а вториот на 3 декември.

На актерската екипа им се придружуваат Мигел Анхел Силвестре и Патрик Криадо, а новите сезони ги режираа Хесус Колменар, Колдо Сера и Алекс Родриго.

Слични содржини